“Словенската Филхеленска Мрежа”, сврзано со најавената акција за распростанување на нејзиниот официјален повик за прекин со антигрчката пропаганда, го објавува фајлот кој го содржи истиот. Се препорачува превземање, печатење и распростанување. Каде год да се наоѓате, во Скопје, внатрешноста или меѓу Словени во странство, вашата дистрибуција на летокот на СФМ обезбедува информирање за основите и оправданоста на борбата за словенскиот идентитет во околности на негова внатрешна негација и за потребата на отфрлањето на пропагандата против Грција и Грците.
Запознавајќи ги Словените во вашата околина со повик на мирен и достоинствен начин, ја ширите историјската вистина и императивите за делување против доминацијата на лагите сервирани од режимот.
Фајлот (*pdf, 90Kb) можете да го превземете со десен клик и понатаму да го отпечатите на било кој стандарден А4 печатач:
Проглас на “Словенската Филхеленска Мрежа“
Со кои побуди се создава антигрчко расположение?
http://www.vardaraxios.info/SFMLetok1.pdf