СФМ распишува меѓународен награден конкурс “Потрага по вистината“. Од секој учесник се бара да во согласност со долуопишаните техничките стандарди испрати доказ дека од периодот од 600 до 1800 година од нашата ера на подрачјето на Повардарје постоел “македонски народ“ со јазик и културна форма кои претходат на денешните “Македонци“ од вариетет познат во комунистичка Југославија по 1944.
Од тебе се бара да, приложено на долупоставениот формулар, поднесеш доказ дека во посочениот историјски период:
1) Индивидуа од домашно потекло (треба да се образложи неговата културна припадност кон домашната средина) се нарекла себе си “Македонец“, својот јазик “македонски јазик“ (со таа фраза или на одделен начин кој експлицитно демонстрира “македонски“ карактер на јазикот), својот род, група личности или индивидуа, од област од Повардарјето, или од цело Повардарје “Македонци“.
2) Индивидуа од странско потекло, која на некој потесен начин била поврзана со просторот на Повардарјето, дала сведоштво дека личност од домашно потекло или група луѓе од Повардарието со јазик предок на оној говорен од мнозинството денешни жители на таа област, е етнички “македонска“ и говори “македонски јазик“
При овој конкурс НЕМА да се земат во предвид:
-Изјави и сведоштва за постоење на област “Македонија“ или референци кон стари географски мапи каде е представена истата. Дека постои област “Македонија“, како што постои област “Далмација“, “Тракија“, “Славонија“ е познато. Не интересира постоење на категориите “Македонци“ и “македонски јазик“.
-Мислења за постоење на поединечен “Македонец“, “македонски јазик“ или “македонски народ“ од автори кои се напишани долго време по феноменот кој детално го опишуваат и не може да се сметаат за примарни извори, вклучително, но не ограничено, на дела од модерната наука каде авторот проектира ретроактивно постоење на тие категории во посочениот период. Не интересираат само примарните извори.
Земи и ти учество во овој конкурс! Секојдневното бомбардирање од страна на Режимот во БЈРМ дека твојот народ, кој е номинално “македонски“ е најстар, “библијски“ народ, доколку е вистинито значи дека за посочениот период, од 600 до 1800 година од нашата ера, постојат огромен број сведоштва за “Македонци“ и “македонски јазик“. Народ со такво име и карактеристики кој се протега на значителна балканска територија секако не можел да остане незабележан од хроничарите, доколку Режимот е во право. Тебе ти останува само да ги земеш твоите 1.000 Евра, а ако не сакаш да учествуваш, помогни некој друг да ја земе наградата со тоа што овој текст ќе го распростаниш на интернет или ќе направиш копија и ќе ја поделиш на заинтересирано лице.
Поднесените апликации до конкурсната комисија треба да стигнат до 10-декември-2009, додека наградените дела ќе бидат објавени на овој блог и на посебен веб-сајт. За секоја поднесена апликација ќе биде објавено образложение на Интернет зошто се прифаќа како победничка или зошто е отфрлена како неоснована на 10-јануари-2010. Анонимноста на наградените и останатите учесници е потполно загарантирана. Апликации кои не се поднесени на приложениот стандарден формулар, вон закажаниот рок и кои нема да ги исполнуваат наведените стандарди нема да се земат во предвид.
Формуларот кој е базичен поднесок можете да го симнете од тука:
http://www.vardaraxios.info/konkursenformular.pdf
Комплетираните пријави НЕ се примаат преку електронска пошта, туку исклучиво на адреса на “Словенската Филхеленска Мрежа“:
СФМ (за конкурсот)
Бул. Јане Сандански 12/2-22
Скопје