Често поставувани прашања за идентитетот на Древните Македонци
1 ) Како може Александар да биде Грк ако е наречен “Филхелен“? Зарем тоа не е взаемно исклучиво?
2 ) Зарем не постоеше македонски јазик одделен од грчкиот?
3 ) Но што е со сториите кажани од Квинт Куртуис и Плутарх?
4 ) Дури и ако кралевите на Македонија станаа хеленизирани, зарем јазикот и културата на обичните луѓе не покажува негрчка основа?
5 ) Зарем Демостен не го нарече Филип “варвар“; тоест, Негрк?
6 ) Зарем не постои разлика помеѓу Грци и Македонци?
7 ) Како можел Филип да се бори против Грците кај Херонеја ако тој бил вистински Грк?
8 ) Бидејќи Аристотел изјавува дека варварите се робови по природа (на пример во Политика I.ii.18 [1255a29]) дали има смисла да, ако Филип бил варвар и Негрк, ќе го најмел Аристотел да го учи неговиот син?
9 ) Што значат имињата Филип и Александар?
10 ) Ако Македонците беа Грци, зошто тие се нарекуваа Македонци?
1 ) Како може Александар да биде Грк ако е наречен “Филхелен“? Зарем тоа не е взаемно исклучиво?
Филхелен (φιλέλλην) или Гркољубец често се ползува за Негрци, но исто така е добро познат како опис на Грци кои се жртвуваат себеси за општото добро. На пример, во сценирањето на неговата идеална држава, Платон препорачува граѓаните да бидат и Грци и Филхелени (Република 470E). Но зборот исто така се ползува да опише специфични историјски карактери како Агесилај од Спарта кој како добар Грк бил Филхелен (Ксенофон, Агесилај 7.4). Видете
понатаму Liddell, Scott, Jones, A Greek-English Lexicon sv. Φιλέλλην.
2 ) Зарем не постоеше македонски јазик одделен од грчкиот?
Не. Натписите од Македонија се сите напишани на атички (коине) грчки или на грчки дијалект кој бил хибрид кој содржел дорски и аеолски елементи. Ова е македонскиот дијалект на грчкиот. Ако древните документи сочувани денес на камен ги откриваат само овие две возможности, јасно е дека нема основа за одвоен јазик. Може да се забележи дека Платон (Протагора 314C), осврнувајќи се на аеолскиот дијалект на лезбијските автори, го нарекува “варварски“ со што можеби мислел груб или нерафиниран, но сеедно грчки.
3 ) Но што е со сториите кажани од Квинт Куртуис и Плутарх?
Квинт Куртиус (6.9.34-36) го има Александар како му дава на заговорникот Филота возможност да се брани себеси пред неговите македонски трупи, и прашува дали Филота ќе зборува на нив на нивниот домашен јазик (patrio sermone на латински). Нема начин, сепак, да се знае дали референцата е кон посебен јазик или кон дијалект на грчкиот. Древниот текст може да ги дозволи двете интерпретации.
Истото е вистина кога, во средината на епизодата со Клеитос, Александар ги повикува своите стражари на “македонски“ (Плутарх, Александар, 51.6) и кога македонските војници го поздравуваат Еуменес на “македонски“ (Плутарх, Еуменес 14.5). Во секој случај, македонскиот би можел да биде грчки дијалект попрво отколку посебен јазик.
4 ) Дури и ако кралевите на Македонија станаа хеленизирани, зарем јазикот и културата на обичните луѓе не покажува негрчка основа?
Ова прашање често се поставува за Македонија, но не за хелотите од Лаконија или пенестите од Тесалија. Фактички, не постои доказ дека обичните луѓе од Македонија не биле Грци, дури и ако дефинитивен доказ на нивната народност не е сочуван. Но доказите растат – и од археолошки артефакти и од лингвистиката – дека тие биле Грци. Забележете ја, на пример, клетвената плоча од 4. век п.н.е. која била откриена во заедничка гробница во Пела и е напишана во што веројатно бил македонски дијалект на грчкиот кој делел елементи од дорските северозападни краеви на Грција и аеолските од Тесалија. Видете го натписот “јазик“ на овој сајт.
5 ) Зарем Демостен не го нарече Филип “варвар“; тоест, Негрк?
Да, тој го прави тоа. Но преку фактот дека Демостен негувал лична нетрпеливост кон Филип пради неговото понижување кое го претрпел кога ја загубил неговата моќ на говор на македонскиот суд (Аихинес, “Околу пратеништвото“ 35), Демостен можел да го нарече секого кој не му се допаѓал како варвар, вклучително ближни Атињани (на пример, 21.150) . Зборот, барем во некои употреби од Демостен и други, треба да се разбере како генеричка навреда. Така, на пример, во некои делови на САД луѓето се сомничави дека луѓето од другите краеви се “вистински Американци“.
6 ) Зарем не постои разлика помеѓу Грци и Македонци?
Да, но ова е политичка разлика, не етничка. По Битката кај Херонеја во 338 г.п.н.е. Филип ја оформил “Хеленската Лига“ (често нарекувана “Коринтска Лига“ од современите научници по местото на првата средба). Тој беше водач (ηγεμών) на лигата, но беше и се уште беше крал (βασιλεύς) на Македонците. Постоеше, со други зборови, многу изразена разлика во односите помеѓу Филип и неговите сојузници на една и неговите потчинети од друга страна. Лигата беше воглавном околу припремата за и учеството во инвазијата на Персијската Империја, и бројот на гласовите на различните грчки држави или области беше доделен врз основа на големита на војниот придонес на секоја од нив. Членството во Лигата беше, барем во теорија, доброволно, и Спарта одби да се придружи и не беше присилена на тоа. Но македонскиот контингент беше присатен како потчинет на нивниот крал. Со други зборови, разликата беше не дека Македонците не беа Грци, туку дека здружените Грци не беа Македонци, и Александар ги задржа институциите на неговиот татко.
Една последица на овој аранжман се препознава во посветата направена од “Александар и Грците“ (Ариан, Анабасис 1.16.7 и Плутарх, Александар 16.18). Ова е иста разлика како онаа помеѓу Македонците и Грците.
За изворите и добар коментар на некои потешки докази, видете го M.N. Tod, Greek Historical Inscriptions II, no. 177. За поцелосни наративни прикази видете го J.R. Ellis, Philip II and Macedonian Imperialism 204-209 and I. Worthington, Philip II of Macedonia 158-163
7 ) Како можел Филип да се бори против Грците кај Херонеја ако тој бил вистински Грк?
На ист начин како што Грците се бореле еден против друг толку многу пати вклучувајќи го најпознатиот пример на Спартанци против Атињани во Пелопонеската војна.
Но Филип бил всушност кај Херонеја на покана на Делфијскиот Амфиктионски Совет. Веќе во 346 г.п.н.е тој ја доби Третата Света Војна во полза на советот и му беше доделено меато на тој совет (каде ниту еден Негрк не служел). Сега, во 338 г.п.н.е. Афиктионскиот Совет го повика уште еднаш, и Демостен, Филипомразецот, е тој кој го бележи актуелниот декрет на покана од Советот (De Corona 18,155).
Двете страни во битката беа целосно Грци. Едната страна (крајните губитници) беше предводена од Атина и Теба, кои заедно обезбедија повеќе од 60% од силите. На нив им се придружија Коринт, Мегара, Акарнанија, Фокис, Ахаја, Еубоја, Леука и Керкира (Демостен, De Corona 18.237). Забележете ги оние кои недостасуваат: Спарта, Елис, Аигина, Епидаур и многу други.
Другата страна беше доминирана од Македонци, но постоеа и значителен број на Тесалијци како и Аргивци и Аркадијци (Демостен, Писма 4.8). Со други зборови, како многупати низ нивната историја, Битката кај Херонеја беше на Грк против Грк.
8 ) Бидејќи Аристотел изјавува дека варварите се робови по природа (на пример во Политика I.ii.18 [1255a29]) дали има смисла да, ако Филип бил варвар и Негрк, ќе го најмел Аристотел да го учи неговиот син?
Одлично прашање.
9 ) Што значат имињата Филип и Александар?
Двете се чести грчки имиња ползувани од стотици, ако не и илјадници древни Грци.
Името Филип доаѓа од philippos или “љубител на коњи“; фактот дека коњите на Филип Втори добија толку многу победи во Олимпија, Делфи и на други места е веројатно само случајност, но среќна.
Името Александар потекнува од комбинација на два грчки збора: alexo (глагол кој значи да се брани или заштитува) и aner (маж). Заедно значењето е “бранење на мажи” или “заштита на мажи”.
10 ) Ако Македонците беа Грци, зошто тие се нарекуваа Македонци?
Од иста причина поради која Атињаните се нарекувале себеси Атињани. Кога, на пример, Демостен зборува на неговите ближни сограѓани, тој ги нарекува мажи на Атина (на пример De Corona 18.251), не мажи на Грција.
Забележете дека веќе во 479 г.п.н.е. во зората на битката на Плетеја, Александар Први, присилен од околностите да биде во персијскиот табор (како што беа други Грци како Бојотијанците и Тесалијсците), тајно го откри на Атењаните персијскиот план за борба. Тој ја оправда оваа акција изјавувајќи ја неговата грижа за цела Грција бидејќи тој, од древно потекло, е Грк (Херодот 9.45). Јасно е дека Александар немал сомневања за неговата народност.
Превземено од сајтот на Проф. Стивен Милер.
Преведено од Васко Глигоријевиќ.