Tag Archives: Александар Велики

Vladimir Todorović Reveals That the Statue of Alexander the Great in Skoplje is a Political Asset [10-V-2009]

Vladimir Todorović, the Mayor of Skoplje’s Centar municipality states that the statue of Alexander is being build in order to increase FYROMian political position in the name dispute with Greece.

Advertisements

СФМ-Соопштение за јавноста бр. 2 / SPN-Public Announcement № 2 [24XII2008]

МЕМОРАНДУМ НА
СЛОВЕНСКАТА ФИЛХЕЛЕНСКА МРЕЖА
ПО ПОВОД ПЛАНИРАНОТО КРЕВАЊЕ ПАМЕТНИК НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ ВО СКОПЈЕ

Наговестуваниот чин на кревање на монументален паметник кој ќе го представува грчкиот државник Александар Трети од страна на Владата во Скопје СФМ го оценува како двојна грешка: удар врз сопствената национална природа и навреда упатена кон Република Грција и грчкиот народ.

Таквиот потег, кој забрзано се приведува кон остварување од страна на лица кои стројат автогеноцидна внатрешна и непријателска надворешна политика не може да се оцени само како погрешен, туку и како изразито бизарен. Замислата е дело на умови кои сопствените комплекси сакаат да ги втиснат на преовладувачкото население од словенско – бугарско и српско – потекло, грабејќи инородни личности како стожерни симболи на фалсификуваната самосвест која се живее преку шест децении.

Било кој обид да се оправда ваквата мегаломанска узурпација на Хеленизмот преку прослава токму на најголемиот добродејател на истиот со “меѓународниот и наднационален карактер“ на Александровата личност, во ваков контекст, при широко распространета “македонствувачка“ јавна заблуда, не ќе може да се прифати поинаку освен како безобразен цинизам.

Оваа самомразечка разулавеност е навреда на поколенијата кои беа и кои ќе бидат. Ние Словените, народно стебло со огромен цивилизацијски придонес, меѓу нас воопшто, вклучително и при нашиот огранок во Повардарието имаме достојни историски личности вредни за одбележување. Присвојувањето, обезличувањето и култот на великани произлезени од странски национални култури е бесмислен чин чија најавена манифестација треба да се сопре.

Согласно на изреченото и во духот на потребното подобрување на односите помеѓу Скопје и Атина СФМ предлага веќе изготвениот паметник, доколку биде оценето дека се одликува со пригодна естетска вредност, да биде понуден како дар од државата на Република Грција со што ќе се потврди пријателството помеѓу двата народа и ќе бидат порекнати и сосечени поривите за јаловата политика основана врз историјски ревизионизам. СФМ бара итно мобилизирање на интелектуалната јавност во земјата и гласно изразување на револт против планираното дејание, изискуван од критичноста на состојбата.

Словенска Филхеленска Мрежа
24-декември-2008, Скопје
=====================================================
MEMORANDUM OF THE
SLAVIC PHILHELLENIC NETWORK
ON OCCASION OF THE PLANNED RISING OF ALEXANDER THE GREAT’S MONUMENT IN SKOPJE

The announced act of rising a monumental statue which shall represent the Greek statesman Alexander III by the Government in Skopje is considered by SPN as a double mistake: an attack against one’s own national nature and an insult towards Republic of Greece and the Greek people.

Such move, which is hurried toward realization by persons creating autogenocidal internal and a hostile external politics cannot be judged only as wrong, but also as extremely bizarre. The idea is an act of minds which want to imprint their own complexes on the predominant population of Slavic – Bulgarian and Serbian – origin, by grabbing foreign persons as pivotal symbols of the forged self-consciousness which is acted upon for over six decades.

Any attempt to justify this megalomaniac usurpation of Hellenism through celebration precisely of its greatest benefactor with the “international and supranational character” of Alexander’s person, in this very context, with broadly represented “Macedonizing” fallacy, cannot be accepted differently but as brazen cynicism.

This self-loathing mania is an insult to the generations that were and which shall be. We Slavs, being ethnic tree with an enormous contribution to civilization, among us in general, including our branch in Povardarje, do have historical persons worthy of celebration. The appropriation, defacing and the cult of great men originating from foreign national cultures is a meaningless act the foretold manifestation of which should be stopped.

In agreement with the stated and in spirit of the urgently needed advancement of relations between Skopje and Athens the SPN proposes that the already produced monument, if judged as having appropriate aesthetic value, should be offered as a gift from the state to Republic of Greece which will affirm the friendship among both peoples and will denounce and cut the urges for sterile politics based on historical revisionism. SPN wants urgent mobilization of the intellectual public in the country and vocal expression of revolt against the planned act, required by the critical nature of this situation.

Slavic Philhellenic Network
24-December-2008, Skopje