Tag Archives: Древни Македонци

Често поставувани прашања за идентитетот на Древните Македонци

Често поставувани прашања за идентитетот на Древните Македонци


1 ) Како може Александар да биде Грк ако е наречен “Филхелен“? Зарем тоа не е взаемно исклучиво?

2 ) Зарем не постоеше македонски јазик одделен од грчкиот?

3 ) Но што е со сториите кажани од Квинт Куртуис и Плутарх?

4 ) Дури и ако кралевите на Македонија станаа хеленизирани, зарем јазикот и културата на обичните луѓе не покажува негрчка основа?

5 ) Зарем Демостен не го нарече Филип “варвар“; тоест, Негрк?

6 ) Зарем не постои разлика помеѓу Грци и Македонци?

7 ) Како можел Филип да се бори против Грците кај Херонеја ако тој бил вистински Грк?

8 ) Бидејќи Аристотел изјавува дека варварите се робови по природа (на пример во Политика I.ii.18 [1255a29]) дали има смисла да, ако Филип бил варвар и Негрк, ќе го најмел Аристотел да го учи неговиот син?

9 ) Што значат имињата Филип и Александар?

10 ) Ако Македонците беа Грци, зошто тие се нарекуваа Македонци?

1 ) Како може Александар да биде Грк ако е наречен “Филхелен“? Зарем тоа не е взаемно исклучиво?

Филхелен (φιλέλλην) или Гркољубец често се ползува за Негрци, но исто така е добро познат како опис на Грци кои се жртвуваат себеси за општото добро. На пример, во сценирањето на неговата идеална држава, Платон препорачува граѓаните да бидат и Грци и Филхелени (Република 470E). Но зборот исто така се ползува да опише специфични историјски карактери како Агесилај од Спарта кој како добар Грк бил Филхелен (Ксенофон, Агесилај 7.4). Видете
понатаму Liddell, Scott, Jones, A Greek-English Lexicon sv. Φιλέλλην.

2 ) Зарем не постоеше македонски јазик одделен од грчкиот?

Не. Натписите од Македонија се сите напишани на атички (коине) грчки или на грчки дијалект кој бил хибрид кој содржел дорски и аеолски елементи. Ова е македонскиот дијалект на грчкиот. Ако древните документи сочувани денес на камен ги откриваат само овие две возможности, јасно е дека нема основа за одвоен јазик. Може да се забележи дека Платон (Протагора 314C), осврнувајќи се на аеолскиот дијалект на лезбијските автори, го нарекува “варварски“ со што можеби мислел груб или нерафиниран, но сеедно грчки.

3 ) Но што е со сториите кажани од Квинт Куртуис и Плутарх?

Квинт Куртиус (6.9.34-36) го има Александар како му дава на заговорникот Филота возможност да се брани себеси пред неговите македонски трупи, и прашува дали Филота ќе зборува на нив на нивниот домашен јазик (patrio sermone на латински). Нема начин, сепак, да се знае дали референцата е кон посебен јазик или кон дијалект на грчкиот. Древниот текст може да ги дозволи двете интерпретации.

Истото е вистина кога, во средината на епизодата со Клеитос, Александар ги повикува своите стражари на “македонски“ (Плутарх, Александар, 51.6) и кога македонските војници го поздравуваат Еуменес на “македонски“ (Плутарх, Еуменес 14.5). Во секој случај, македонскиот би можел да биде грчки дијалект попрво отколку посебен јазик.

4 ) Дури и ако кралевите на Македонија станаа хеленизирани, зарем јазикот и културата на обичните луѓе не покажува негрчка основа?

Ова прашање често се поставува за Македонија, но не за хелотите од Лаконија или пенестите од Тесалија. Фактички, не постои доказ дека обичните луѓе од Македонија не биле Грци, дури и ако дефинитивен доказ на нивната народност не е сочуван. Но доказите растат – и од археолошки артефакти и од лингвистиката – дека тие биле Грци. Забележете ја, на пример, клетвената плоча од 4. век п.н.е. која била откриена во заедничка гробница во Пела и е напишана во што веројатно бил македонски дијалект на грчкиот кој делел елементи од дорските северозападни краеви на Грција и аеолските од Тесалија. Видете го натписот “јазик“ на овој сајт.

5 ) Зарем Демостен не го нарече Филип “варвар“; тоест, Негрк?

Да, тој го прави тоа. Но преку фактот дека Демостен негувал лична нетрпеливост кон Филип пради неговото понижување кое го претрпел кога ја загубил неговата моќ на говор на македонскиот суд (Аихинес, “Околу пратеништвото“ 35), Демостен можел да го нарече секого кој не му се допаѓал како варвар, вклучително ближни Атињани (на пример, 21.150) . Зборот, барем во некои употреби од Демостен и други, треба да се разбере како генеричка навреда. Така, на пример, во некои делови на САД луѓето се сомничави дека луѓето од другите краеви се “вистински Американци“.

6 ) Зарем не постои разлика помеѓу Грци и Македонци?

Да, но ова е политичка разлика, не етничка. По Битката кај Херонеја во 338 г.п.н.е. Филип ја оформил “Хеленската Лига“ (често нарекувана “Коринтска Лига“ од современите научници по местото на првата средба). Тој беше водач (ηγεμών) на лигата, но беше и се уште беше крал (βασιλεύς) на Македонците. Постоеше, со други зборови, многу изразена разлика во односите помеѓу Филип и неговите сојузници на една и неговите потчинети од друга страна. Лигата беше воглавном околу припремата за и учеството во инвазијата на Персијската Империја, и бројот на гласовите на различните грчки држави или области беше доделен врз основа на големита на војниот придонес на секоја од нив. Членството во Лигата беше, барем во теорија, доброволно, и Спарта одби да се придружи и не беше присилена на тоа. Но македонскиот контингент беше присатен како потчинет на нивниот крал. Со други зборови, разликата беше не дека Македонците не беа Грци, туку дека здружените Грци не беа Македонци, и Александар ги задржа институциите на неговиот татко.

Една последица на овој аранжман се препознава во посветата направена од “Александар и Грците“ (Ариан, Анабасис 1.16.7 и Плутарх, Александар 16.18). Ова е иста разлика како онаа помеѓу Македонците и Грците.

За изворите и добар коментар на некои потешки докази, видете го M.N. Tod, Greek Historical Inscriptions II, no. 177. За поцелосни наративни прикази видете го J.R. Ellis, Philip II and Macedonian Imperialism 204-209 and I. Worthington, Philip II of Macedonia 158-163

7 ) Како можел Филип да се бори против Грците кај Херонеја ако тој бил вистински Грк?

На ист начин како што Грците се бореле еден против друг толку многу пати вклучувајќи го најпознатиот пример на Спартанци против Атињани во Пелопонеската војна.

Но Филип бил всушност кај Херонеја на покана на Делфијскиот Амфиктионски Совет. Веќе во 346 г.п.н.е тој ја доби Третата Света Војна во полза на советот и му беше доделено меато на тој совет (каде ниту еден Негрк не служел). Сега, во 338 г.п.н.е. Афиктионскиот Совет го повика уште еднаш, и Демостен, Филипомразецот, е тој кој го бележи актуелниот декрет на покана од Советот (De Corona 18,155).

Двете страни во битката беа целосно Грци. Едната страна (крајните губитници) беше предводена од Атина и Теба, кои заедно обезбедија повеќе од 60% од силите. На нив им се придружија Коринт, Мегара, Акарнанија, Фокис, Ахаја, Еубоја, Леука и Керкира (Демостен, De Corona 18.237). Забележете ги оние кои недостасуваат: Спарта, Елис, Аигина, Епидаур и многу други.

Другата страна беше доминирана од Македонци, но постоеа и значителен број на Тесалијци како и Аргивци и Аркадијци (Демостен, Писма 4.8). Со други зборови, како многупати низ нивната историја, Битката кај Херонеја беше на Грк против Грк.

8 ) Бидејќи Аристотел изјавува дека варварите се робови по природа (на пример во Политика I.ii.18 [1255a29]) дали има смисла да, ако Филип бил варвар и Негрк, ќе го најмел Аристотел да го учи неговиот син?

Одлично прашање.

9 ) Што значат имињата Филип и Александар?

Двете се чести грчки имиња ползувани од стотици, ако не и илјадници древни Грци.

Името Филип доаѓа од philippos или “љубител на коњи“; фактот дека коњите на Филип Втори добија толку многу победи во Олимпија, Делфи и на други места е веројатно само случајност, но среќна.

Името Александар потекнува од комбинација на два грчки збора: alexo (глагол кој значи да се брани или заштитува) и aner (маж). Заедно значењето е “бранење на мажи” или “заштита на мажи”.

10 ) Ако Македонците беа Грци, зошто тие се нарекуваа Македонци?

Од иста причина поради која Атињаните се нарекувале себеси Атињани. Кога, на пример, Демостен зборува на неговите ближни сограѓани, тој ги нарекува мажи на Атина (на пример De Corona 18.251), не мажи на Грција.

Забележете дека веќе во 479 г.п.н.е. во зората на битката на Плетеја, Александар Први, присилен од околностите да биде во персијскиот табор (како што беа други Грци како Бојотијанците и Тесалијсците), тајно го откри на Атењаните персијскиот план за борба. Тој ја оправда оваа акција изјавувајќи ја неговата грижа за цела Грција бидејќи тој, од древно потекло, е Грк (Херодот 9.45). Јасно е дека Александар немал сомневања за неговата народност.

Превземено од сајтот на Проф. Стивен Милер.
Преведено од Васко Глигоријевиќ.

Advertisement

Современите историчари го потврдуваат грчкиот карактер на Древните Македонци

Н. Г. Л. Хамонд

“Останатиот дел на гркоговорниот свет се протегаше од Пелагонија на север до Македонија на југ. Тој беше завземен од неколку племенски држави кои постојано беа во војна против Илирите, Пајонците и Тракијците
. . . . . . . . . . . . според мислењето на градовите-држави овие племенски држави беа заостанати и недостојни за грчкото име, иако говореа дијалекти на грчкиот јазик. ”

N. G. L Hammond – The Genius of Alexander. Page 18

“Хесиод немаше да го забележи овој однос ако не веруваше. веројатно во седмиот век. дека Македонците беа гркоговорен народ. Следниот доказ доаѓа од Персија. На почетокот на шестиот век Персијсците ги опишуваа народите кои плаќаа данок во нивната провинција во Европа, и еден од нив беше “yauna takabara“ што значи “Грци кои носат капа“. Постоеа Грци во градовите-држави и во провинцијата. но тие беа од разни потекла и не се разликуваа со заедничка капа, каусија. Заклучуваме дека Персијанците веруваа дека Македонците беа говорници на грчки јазик. На крај, во подоцнежниот дел на петтиот век грчкиот историчар, Хеланикус, ја посети Македонија и го измени родословието поставувајќи го Македон не за братучед туку за син на Аеолус. така доближувајќи го Македон цврсто во аеолскиот огранок на гркоговорното семејство. Хесиод, Персија и Хеланикус немаа мотиви да прават лажни сведоштва за јазикот на Македонците кои тогаш беа опскурен и не беа моќен народ. Нивните независни сведоштва треба да се сметаат за конечни.“

N. G. L. Hammond. “The Macedonian State”. Clarendon Press. Oxford. 1989. pp. 12-15

“Сега изгледа дека Александар бараше од грчките држави јавно и универзално признавање на неговите дарови, и тој го сакаше као самиот да е Грк од семејството Темениди.“

N. G. L Hammond: The Macedonian State: pg 235

“Иако јужните Грци во светот на градовите-држави не беа свесни за фактот, Македонците беа сами пример од Грчката експанзија која расади колонии во многу места на медитеранскиот брег. Тие научија многу од нивните соседи-Тракијците, Фригијците и Илирите и во 650 г. п. н. е ги ставија нивните лекции во добра служба. Со прогонство и во некои случаји со уништување на претходните жители тие создадоа цврст блок на гркоговорни Македонци во Пиерија, Еордеја, Алмопија и Ботиеја, која беше во време на неволји скоро ненамалив минимум на македонската сила.“

N. G. L. Hammond. A History of Macedonia I (1972): p. 440

“Мора да се сетиме дека исто така Филип и Александар беа Грци, потомци на Хераклиј. Тие сакаа да бидат признаени од Грците како доброчинители на Грците.“

N. G L Hammond [1989] “Alexander The Great” p. 257

“Како Грк Александар се обидуваше да го смени со векови стариот курс на политиката на државите-градови од империјалистички партикуларизам и меѓусебна борба во федерален систем и експанзија према надвор во смисол на влијание, населување и трговија.“

N. G L Hammond [1989] “Alexander The Great” . p. 259

“Интензивните ископувања покажаа дека главнината од копното искуси инвазија од големи размери c. 2000-1700 п. н. е. . Последниот бран Грци, представени со нивниот предок Дорус, влегоа во Грција во вековите c. 1125 – c. 1025 при што нивниот дијалект беше дорски и северозапеден Грчки. Бидејќи дојдоа од подрачјата на Епир. изгледа веројатно. дека резервоарот на гркоговорните народи од кои оваа инвазија се прошири беше ситуиран c. 2000 п. н. е во Албанија и во западна и јужна Македонија. ”

Oxford Classical Dictionary. 2nd ed. (1970). s. v. ”Greece. ” by N. G. L. Hammond. p. 478”

“Религијата на самите Македонци беше хеленска како што е докажано со имињата на македонските месеци. Култовите на повеќето главни грчки божества се доволно потврдени за раниот период. “

Oxford Classical Dictionary. 2nd ed. (1970). s. v. “Macedonia. ” by N. G. L. Hammond. p. 634

“Филип беше роден како Грк од изразито аристократско, навистина од божествено потекло. Филип беше и Грк и Македонец, како што Демостен беше Грк и Атињанин“

Nicholas G. L. Hammond. ‘Philip of Macedon’ Duckworth Publishing. February 1998

Улрих Вилкен

Ulrich Wilcken. “Alexander the Great”. New York 1967

“Александар го представува целокупниот курс на грчкиот живот„
p. 2

“Александар ја превзеде како прва должност ослободувањето на грчките градови од Персијскиот јарем“
p. 80

“Секаде ослободувањето од персијскот владеење беше поздравено со ентузијазам и Александар беше прославуван како ослободител“
p. 91

“Неговата желба беше, како во неговите претходни освојувања да го поплочи патот за грчката култура“
p. 184

“На овој начин грчката технологија и наука беа применети на индијската почва, додека Александар ја покоруваше земјата“
p. 194

“Од тогаш тој ја следеше само својата втора цел, освојувањето на Азија за себеси и за грчката цивилизација„
Самите култни епитети на овие Птолемеиди. кои Египќаните со потешкотии ги репродуцираа во нивниот јазик, ни покажуваат дека култот на хеленистичките кралеви беше од чисто грчко потекло. ”
p. 276

“. . . така во средината на ориенталниот свет зе возвиши грчкиот полис, чии граѓани донесоа со себе си и продолжија да користат грчки јазик и религија, закон и општествени обичаји. ”
p. 299

“Така наложената од Александар идеја за ширење на грчкиот јазик на Истокот беше остварена со голем успех од неговите непосредни наследници во Азија и Европа. ”
p. 308

Бернард Рандал

Bernard Randall. “Alexander the Great: Macedonia King and Conqueror”. New York 2004

“Во тринаесет години од неговото владеење како крал Александар II од Македон, тој стана од владател на водечката земја во Грција до освојјувач на најголемата империја која светот ја виде. ”
p. 7

“Тој самиот веруваше дека е син на Зевс, кралот на грчките богови. ”
p. 7

“Тој го направи Египт и блискиот исток дел од грчкиот свет, и тој иницира ширења на грчките идеи и филозофија далеку вон Грција. ”
p. 8

“Додека Атињаните владееле со себеси како демократија, Македон беше се уште владеен со тип на монархија која ишчезна од другите градови држави со векови пред тоа. ”
p. 10

Јуџин Борза

“Macedonia Redux”, Eugene N. Borza, “The Eye Expanded: Life and the Arts in Greco-Roman Antiquity“, Frances B. Titchener and Richard F. Moorton, Jr., editors

“За време на средновековието и совремието, Македонија беше позната како балкански регион населен со етнички Грци, Албанци, Срби, Бугари, Евреи и Турци“

“Појавата на македонска националност се должи на заедничката македонска и бугарска борба против хеленизацијата. Со воспоставување на независна бугарска држава и Црква во 1870те, конфликтот доби нови моменти. До тоа време разликувањето помеѓу “Македонец“ и “Бугарин“ едвај да постоеше вон дијалектолошките разлики помеѓу стандардниот “источен“ бугaрски и тој што беше говорен во Македонија.“

“Современите Словени, и Бугари и Македонци, не можат да воспостават врска со Антиката, бидејќи Словените влегоа на Балканот векови по пропаста на античкото македонско кралство. Единствено најрадикалните словенски фракции-повеќето емигранти во Соединетите Држави, Канада и Австралија – се обидуваат да воспостават врска со антиката.“

“Македонците се новопојавен народ во потрага по минато кои би им помогнало да ја легитимизираат нивната неизвесна сегашност обидувајќи се да воспостават нивен единствен идентите во словенски свет доминиран историјски од Срби и Бугари.“

“Тешко е да се знае дали незивисна македонска држава би се појавила да Тито не го призна и подржи развојот на македонска народност како дел од неговата етнички организирана Македонија. Тој го стори тоа да се спротистави на Бугарија, која со векови имала историјски барања на подрачјето на запад до Охридското езеро и сегашната граница со Албанија.“

“Само наскоро успеавме да ги рашчистиме овие калливи води со разоткривање на демостенскиот корпус за она што е: ораторство дизајнирано да го опсени јавното мислење и со тоа да ја формулира јавната политика. Тоа недофатливо суштество, Вистината, секогаш е потчинето на Реториката: изјавите на Демостен не се вистинска историја на периодот отколку што се јавните изјави за политичарите во секое време.“

E.Borza, “On the shadows of Olympus…” p. 5-6

Томас Р. Мартин

Thomas R Martin. “Ancient Greece From Prehistoric to Hellenistic Times”. Yale 2000

“Македонците имаа нивен јазик поврзан со грчкиот, но членовите кои го доминираа македонското општество рутински учеа да говорат грчки бидејќи тие мислеа за себеси и навистина за сите Македонци за Грци по крв. ”
p. 1

Робин У. Винкс

“Денес, научниците ги дебатираат ефектите од “хеленизацијата“-грчкото влијание-на домородната популација на грко-македонските кралства. Некои се залагаат дека грчките и домородните популации беа одвоени. Според ова гледиште. владеачката класа бепе составена скоро ексклузивно од Грко-Македонци, и грчки културни институции (како гимназијата или хеленските религиозни фестивали) имаа привлечност само за Грците, додека домородните традиции продолжија негибнати помеѓу домородците. ”

“The Ancient Mediterranean World: From the Stone Age to A. D. 600″
By Robin W Winks. Susan P Mattern-Parkes. page 105-106

Џонатан М. Хол

Jonathan M. Hall. “Ethnic identity in Greek antiquity”. Cambridge 2000

“. . . на Дорците исто така им се припишува воведувањето на “протогеометријска“ грнчарија, популарна низ Грција во 10-от век п. н. е. Нејзината линеарна декорација и претпочитање на поостри облици изгледа представува јасен контраст со LHIIIC садовите и Теодор Скит застапуваше дека е возможно да се бара нејзиното потекло и дифузија низ стилска анализа, особено на карактеристичниот концентричен кружен мотив, Скит застапуваше рана појава на овој мотив во Тесалија и Македонија од каде беше разнесуван спрема југ, и го прогласи неговото минување на сериите миграции кои ги донесоа Дорците на Пелопонез. ”

Џорџ Коквел

George Cawkwell. “Philip of Macedon”. London 1978

“Македонците беа Грци. Нивниот јазик беше грчкиот, ако се суди по нивните лични имиња и по имињата на месеците од нивниот календар. Македонските амбасадори можеа да се појават пред атинските собранија без да им требаат преведувачи. Во сите Демостенови закачки околу нивната цивилизација нема трага дека Македонците збореле друг јазик освен грчки. Но тоа беше посебен дијалект кој не беше веднаш разбирлив за другите Грци. “
p. 22-3

Фергус Милар

Fergus Millar. “The Roman Empire and its Neighbours”. 2nd ed. . London 1981

“Важноста придадена на Хадријановата институција е најдобро илустрирана со натпис од раниот трет век од Тесалоника во чест на локален магнат . Т. Аелиус Геминус Македо (т. е. Македонец). кој не само што држел магистратури и обезбедувал дрво за базиликата во неговиот град и бил империјален куратор во Аполонија, но бил и архон на Панхеленскиот конгрес во Атина“, свештеник на обожениот Хадријан и председател на осумнаесетите Панхеленски игри“.
p. 205-206