Tag Archives: Historical sources

“Византијски извори за историју народа Југославије“, том. 1, 2, 3, 4, 6

Приложени се 5 тома од едицијата “Византијски извори за историју народа Југославије“, 1955-1986. Наведената хрестоматија содржи критички и аналитички одбрани историјски извори создадени од византиски автори преку кои се согледува источноромејската гледна точка на појавата и развојот на словенските општества на Балканот, од најраните јужнословенски инфилтрации до подоцнежниот Среден век. Читателот-аматер е советуван самите извори да ги проучи со паралелен преглед на поновата археолошка и критичко-аналитичка историографска литература која го вточнува процесот на инфилтрации, напади и упади, транзиторни и постојани населувања на јужните Словени како и појавата на државни формации.

Линк:
“Византијски извори за историју народа Југославије” [“Byzantine Sources for the History of Peoples of Yugoslavia”] , том. 1,2,3,4,6., Београд 1955-1986.

Advertisements

No Comment (или: дали ТИЕ ви го кажале ова?)

Кус избор на цитати од древните автори за етничкиот карактер на Македонците. Приложената листа не е исцрпна, а ваквите цитати не представуваат единствен модалитет на сознание за грчкиот карактер на древните Македонци. Но, колку јавноста која во најголемиот дел не е англофона и нема достап кон интернет има возможност да разбере за нивното постоење од усните на домашните академици? Дали ентузијазмот и прогласувањето на овој на нас туѓ ентитет далеку во просторот и времето за наши предци би постоеле со актуелната френетична димензија ако попушти информативната брана која ја опкружува државата?

Херодот

“Дека сега мажите од ова семество се Хелени, како што тие самите потврдуваат е нешто
што можам да го изјавам од моето знаење, и кое одсега ќе го направам очебијно.
Тека се тие тоа веќе е просудено од оние кои управуваат со панхеленскиот
натпревар кај Олимпија.“

(Herodotus, The Histories 8.43)

“Сега овие потомци на Пердика се Хелени, како што самите кажуваат, и како што имав
прилика самиот да знам.“

(Herodotus V, 22, 1)

Страбон

Strabo – “Geography”

“Од Европа останува, прво, Македонија и делови од Тракија кои ја продолжуваат и се протегаат дури до Бизант.Втора, Грција, и трето, островите кои се блиску.Македонија, се разбира, е дел од Грција, сепак сега, бидајќи ја следам природата и обликот на местата географски, одлучив да ја гласификувам вон остатокот од Грција и да ја придружам со оној дел на Тракија кој се граничи со неа и се протега се до устието на Еуксина и Пропонтис.”

[Strabo, Geography,book 7,Fragm,9]

“И дури до сегашен ден Тракијците, Илирите и Епеиротите живеат на боковите на Грците , иако тоа беше повеќе случај порано отколку сега. Навистина, повеќето од земјата која во сегашно време е неоспорно Грција ја држат варвари-Македонија и одредени делови од Тесалија од страна на Тракијците, и делови над Акарнанија и Етолија од страна на Теспротите, Касопеите, Амфилохите, Молосите и Атаманите-епиротските племиња.”

[Strabo, Geography,book 7,VII,1]

Откога ги опишавме најголемиот дел од Европа како што е омеѓена од внатрешни и надворешни мориња, и ги разгледавме сите варварски нации кои ги содржи, се до Дон, и мал дел на Грција, имено Македонија, предлагаме да дадеме опис на остатокот од хеладската географија

(Strabo, Geography, BOOK 8, 1)

“Акарнанијците и Аетолците, како многу други нации,се сега истрошени и исцрпени со непрекинати војни.Аетолците сепак, во сојузништво со Акарнанијците, долг период се спротиставуваа на Македонците и другите Грци.”

Плутарх

Plutarchos, Moralia, On the Fortune of Alexander, I, 328D, 329A [Loeb, F.C. Babbitt]

IX.“Кога Филип го опколуваше Бизант му ја остави на Александар, кој тогаш беша само шеснаесет години стар, целата одговорност за администрација на кралството Македонија, потврдувајќи го неговиот авторитет доверувајќи му го неговиот сопствен печат.Тој ги порази и потчини медијските бунтовници, го зеде нивниот град, ги отфрли неговите варварски жители, и го обнови како грчка колонија, на која и даде име Александрополис.“

“Од кога беше господар на Египет, замисли да настани колонија Грци, таму, тој реши да изгради голем и многу населен град и му го даде своето име.“

Plutarch’s Lives – Life of Alexander, p.166

“Таков беше крајот на Филип, тој владееше 24 години.Многу е познат како оној кој со најмали ресурси да го подржи своето барање на тронот ја здоби за себе најголемата империја помеѓу Хелените, додека растот на неговата положба не се должеше толку на неговата храброст со оружје, туку на неговата умешност и срдечност во дипломатијата.”

Диодор од Сицилија

(Diodoros of Sicily 16.95.1-2)

“После ова Александар ја остави Дариевата мајка, неговите ќерќи и неговиот син во Суза, обезбедувајќи ги со лица да ги учат на хеленското наречје.”

(Diodoros of Sicily 17.67.1)

Александар забележи дека неговите војници беа исцрпени со нивните постојани кампањи.Копитата на коњите беа истрошени од постојано марширање.Оружјето и вооружувањето се истрошуваа, и хеленската облека сосема се изгуби.Тие мораа да се облечат во материјалот на варварите“

(Diodoros of Sicily 17.94.1-2)

“……..се смета дека овој крал (Филип) го почна своето кралствување со лоши услови и ја освои поголемата монархија на Хелените (Македонија) зголемувајќи ја својата хегемонија не толку многу со хероизмот на оружјето, колку со внимателното ракување со дипломатијата.”

(Diodorus Sikeliotis, 16-95)

“Атињаните не беа толку спремни да ја одстапат водечката положба помеѓу Грците на Македон.”

[Diodorus of Sicily, 17.3.2]

“Прво, тој (Александар) работеше со Тесалијците, потсетувајќи ги на неговите древни врски со нив преку Херакле.”

[Diodorus of Sicily, 17.4.1]

“За него (Демостен) се веруваше дека примил големи суми пари од тој извор (кралот на Персија) како плата за неговите напори да ги оцрни Македонците и навистина Аесхинеј се осврна кон ова во говор кога го исмеваше Демостен за неговата расипаност: Во тој момент, вистина е, неговата екстравагантност беше заситена од кралевото злато, но дури ни ова нема да го задоволи.Ниедно богатство не се покажа доволно за алчен карактер.“

[Diodorus of Sicily, 17.4.8]

“Но ако благодарноста им припаѓа на Аетолијците за оваа нивна служба, колку високо ќе треба да ги прославиме Македонците поради безбедноста на Грција? Кој не е свесен дека Грција постојано ќе стоеше во најголема опасност, да не бевме одбранети од Македонците и чесните амбиции на нивните кралеви.”

Полибиј

(Polybius, Book IX, 35, 2)

“Тврдам дека не само Тесалијците, туку и остатокот од Грците ја должат нивната безбедност на Филип.”

(Polybius, Book IX, 33, 3)

“Бидејќи, тој (Филип) беше добродејател на Грција, затоа тие сите го одбраа главен заповедник на море и земја, чест која порано никому не му била поверена.”

(Polybius, Book IX, 33, 7)

“Тој (Александар) нанесе казна на Персијците за нивните злодела врз сите Грци.”

(Polybius, Book IX, 34, 3)

The Battle of Asculum, between the Greeks forces of Pyrrhus of Epirus and the Romans under publius Decius Mus, from Dionysius of Halicarnassus, Roman Antiquities, p387, Excerpt from Book XX

“Од Коњаниците, тој, (Пир) ги постави самниќанските, тесалијските и брутианските одреди и тарентинскота платеничка сила против десното крило и амбракиотските, луканианските и тарентинските одреди и грчките платеници составени од Акарнанијци, Аетолци, Македонци и Атаманци, на лева страна.“

Тит Ливие

“Аетолци, Акаранинјци, Македонци, мажи од ист јазик.”

(T. Livius XXXI,29, 15)

“Генерал Паулус од Рим опкружен со десет комесари го зеде своето официјално седиште опкружен со толпи Македонци. Паулус ги објави на латински одлуките на Сенатот, како и неговите, направети по сугестија на неговиот совет. Оваа објава беше преведена во Грчки и повторена од Гнајус Октавиус Преторот, бидејќи тој исто така беше присатен“.

(T. Livius,XLV)

Древните Македонци за себе си:

Александар I, крал на Македонија:

“Мажи од Атина, да не ја имав наголемо во срце добробитта на Грција не ќе дојдев тука да ви кажам.Но јас сум самиот Грк по потекло, и не би можел доброволно да ја видам Грција како ја менува слободата за ропство. Ако успеете во оваа војна, не заборавете да направите. Земете го во предвид ризикот кој го доживеав, од страст кон грчката кауза, да ве запознаам со она што Мардониус го има како намера, и да ве спасам од изненадување од варварите. Јас сум Александар од Македон.“

Herodotus, The Histories, 9.45, translated by G.Rawlinson

(Говорејќи на Персијците)
“Кажи му на твојот крал кој те прати како неговиот хеленски
вицекрал од Македонија те прими гостопримливо.““

Herodotus V, 20, 4 (Loeb, A.D. Godley)

Александар III:

(Писмо кон кралот на Персија)

“Твоите предци ја зазедоа Македонија и остатокот од Грција и ни направија нам голема штета, иако ние не ги
повредивме претходно…………..јас бев назначен за хегемон на Грците.“

(Arrian, Anabasis of Alexander II,14,4)

“……………постојат грчки трупи, да бидеме сигурни, во персијска служба, но колку е различна нивната кауза од нашата! Тие ќе се борат за плата, и тоа не многу голема. Ние, наспроти тоа, ќе се бориме за Грција, и нашите срца ќе бидат во тоа. Што се однесува до нашите странски сили: Тракијците, Пајонците, Илирите, Агријаните-тие се најдобри и најсолидни војници на Европа,и тие ќе ги најдат за свои противници најслабите и најмеките од племињата на Азија.“

Arrian (The Campaigns of Alexander) Alexander talking to the troops before the battle. Book 2-7 Penguin Classics. Page 112. Translation by Aubrey De Seliucourt.

“Тој (Александар) ја запали персијската палата, иако Пармениј го молеше да ја запази, образложувајќи дека не е право да ја уништува неговата сопственост, и дека Азијците нема да се посветат на него, ако изгледа одлучен да не владее со Азија, но само да пројде низ неа како освојувач.
Но Александар одговори дека имаше намера да ги казни Персијците за нивната инвазија на Грција, уништувањето на Атина, горењето на храмовите, и сите видови ужасни работи направени на Грците: поради овие работи тој спроведуваше одмазда.“

[Arrian Anab. 3. 18. 11-12].

“Во оваа прилика, тој (Александар) направи многу долг говор на Тесалијците, и кога виде дека го охрабруваат со повици да ги води против варварите, го премести неговото копје во неговата лева рака и со десната се осврна кон боговите, како што Калистен ни кажува, молејќи им се, како да навистина потекнува Зевс, да ги одбрани и зајакне Грците.“

[Plutarch. Alexander (ed. Bernadotte Perrin) XXXIII]

Говорејќи со Диоген:

“Но тој кажа: “ако не бев Александар, требаше да бидам Диоген“, тоест “ако не беше мојата цел да ги комбинирам варварските работи со хеленските работи,да го пропатувам и цивилизирам секој континент, да ги барам најдалечните краеви на земја и на море, да ги оттуркам границите на Македонија до најдалечниот океан, и да го раширам и расеам благословот на хеленската правда и мир на секоја нација, не треба да бидам удоволен да седам тивко во луксуз на јалова сила.“

[Plutarch’s Moralia, On the Fortune of Alexander, 332A (Loeb, F.C Babbitt)]

Посвета на Александар на божицата Атина:

“Александар, син на Филип, и на Грците, освен Лакедамонците, од варварските жители на Азија.“

[Arrian, I, 16, 10]